Рекламации и замена на производ
-Рекламации за исправноста на производите се прифаќаат САМО во рок од 12 часа од часот заведен на листата за прием на пратката. Доколку забележете фабрички оштетувања, видливи оштетувања направени при пакување или транспорт.
-За прифатливо известување за рекламација ќе се смета телефонско известување заедно со испратени фотографии и/или видео од оштетениот производ на нашата електронска пошта или во порака на социјалните мрежи.
-Доколку рекламацијата е доставена вон работните часови на компанијата ќе се смета за уредна доколку во пораката која ќе ја испратите на нашата електронска пошта или на социјалните мрежи, треба да бидат вклучени: фотографија од адресница (доказ за примена нарачка), фотографии и/или видео снимки од оштетениот производ каде јасно се гледа оштетувањето. Кога нашите сервисери ќе констатираат преку доставените фотографии и видеа дека производот кој е испорачан е неисправен или не ги исполнува техничките барања пропишани во спецификацијата се прави директна замена во горенаведениот рок за испорака
-Производите кои подлежат под гаранција во случај на неисправност може да се достават до нас преку курирските служби со кои LTD MARKET соработува (по претходна консултација) и ние да ги доставиме во сервисниот центар или директно да се предадат во сервисниот центар кој е заведен во гарантниот лист.
-Замената на нарачаниот производ може да се изврши во рок од 14 дена по приемот на пратката. Производот ќе биде заменет САМО И ИСКЛУЧИВО доколку е во оригиналното пакување и на истиот нема видливи оштетувања.