ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА
Во име на ltdmarket.mk се обврзуваме дека ќе ја чуваме приватноста на нашите купувачи. Ги собираме само неопходните, основни податоци за купувачите/корисниците и податоците неопходни за работење и информирање на корисниците согласно со добрите деловни практики и со цел давање квалитетна услуга. Сите вработени во ltdmarket.mk (и деловните партнери) се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
УСЛОВИ НА КОРИСТЕЊЕ
Почитувани корисници, Ве молиме пред користење на нашите услуги, внимателно да ги прочитате долунаведените услови. Секоја посета на нашата страница, како и секое купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека сте во целост запознаени и согласни со истите. Доколку тие за Вас се неприфатливи, Ве молиме да не ја користите оваа страница.
– Општи одредби
Ltdmarket.mk ги има или има добиено право на користење за авторските права на сите содржини. Неовластеното користење на било кој дел од порталот без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за повреда на авторските права и подлежи на тужба.
– Материјали кои ги проследува корисниот (коментари и други содржини) Личните податоци кои ги проследувате до сајтот Ltdmarket.mk со цел купување на производи ќе бидат третирани во согласност со нашиот документ за заштита на приватноста на интернет.
- Cогласно со нашата политика за заштита на приватноста, ги користиме само за интерна употреба. Не ги откриваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме единствено за обработка на Вашите нарачки.